[vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1462794455568{padding-top: 0px !important;padding-bottom: 10px !important;padding-left: 0px !important;}”]
Цели и задачи на Комората се:
- застапување и заштитување на интересите на своите членови;
- рамноправно учествување заедно со државните органи, универзитетите и другите институции во активностите за обезбедување на соодветна положба и улога на фармацевтите во општеството;
- учествување во подготвувањето на законите и други прописи од областа на здравството на Република Македонија и во утврдувањето стручни ставови за вршење на фармацевтската дејност;
- заштита на интересите на професијата;
- следење на работата на дипломираните фармацевти во поглед на почитување на начелата на фармацевтската етика, применување на стандарди и потребен квалитет во работата;
- грижа за одбрана на честа и независноста на фармацевтската професија;
- поттикнување на соработка меѓу своите членови и соработка со други сродни домашни и странски физички и правни лица;
- остварување и на други активности во согласност со законите, со овој Статут и други прописи.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]