02 3217 614 , 02 3217 637    info@fk.mk
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
No Result
View All Result
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result

Прва средба на Фармацевтската комора и на МАЛМЕД со министерот за здравство

June 27, 2025
Share on FacebookShare on Twitter

НЕОПХОДНО Е ВОВЕДУВАЊЕ  ЕЛЕКТРОНСКИ РЕЦЕПТ И ЕЛЕКТРОНСКО ДОСИЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Проширување на листата на услуги, што ги вршат аптеките, зголемување на цената на услугата во аптеките, воведување електронски рецепт , имплементирање фармацевтско досие на пациентите, како и многу актуелни прашања што ја тангираат сферата на фармацијата, беа  во фокусот на  првата средба на претставниците на Фармацевтската комора и на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со новоименуваниот министер за здравство Азир Алиу. На состанокот со министерот и неговиот тим, присуствуваа Весна Ставрова,  претседателка на Фармацевтската комора на Репубика Северна Македонија, Сабри Алити, директор на МАЛМЕД и Маја Ковачева, заменик директор на МАЛМЕД.

Министерот Алиу, беше информиран дека уште минатата година беа изгласани измените во Законот за здравствена заштита за проширување на листата на услуги што ќе може да ги пружаат фармацевтите во аптеките. Притоа , направени се неопходните измени во правилникот во однос на простор и опрема, што треба да ги поседува една аптека за да може да ги врши соодветните услуги и тие се доставени во Министерството за здравство. Листата на услуги, што е дефинирана од Фармацевтската комора, е поднесена во Министерството за здравство каде чека на потпис.

Што се однесува до  прашањето за покачување на цената на услугата за издавање лек на рецепт, пред првиот човек  во здравството, беше повторен  постојано  нагласуваниот став  дека фармацевтите, како најдостапни и еднакви со сите здравствени работници, треба да бидат пропорционално наградени за трудот кој го вложуваат  и дека корекцијата е навистина неопходна.

Со оглед на фактот дека, како во сите сфери, така и во здравствениот сектор, иднината е во  дигитализацијата, недвосмислено беше нагласена  потребата од интегриран здравствен систем. Во таа насока, отворајќи ја темата околу електронскиот рецепт, беше заземен заеднички став дека оваа алатка  ќе претставува огромна придобивка за фармацевтите во аптеките, за матичните лекари, но, пред се, за пациентите. Неговата имплементација ќе овозможи бесхартиени рецепти, а ќе вклучи и автоматско синхронизирање на софтверите кај матичните лекари и кај аптеките при промени во Фондот.

Исто така, беше потенцирана и неопходноста од  имплементирање на  фармацевтско или електронско досие за пациентите. Оваа платформа,  како начин на комуникација помеѓу лекарите и фармацевтите е, пред се,  во интерес на пациентите, со цел во секој момент да постои увид  дали  редовно се подигнува терапијата, какви резултати се постигнуваат со неа и дали постојат несакани ефекти.

Next Post

Министерството за здравство и Фармацевтската комора на РС Македонија

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија

No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија