02 3217 614 , 02 3217 637    info@fk.mk
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
No Result
View All Result
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result

РЕАКЦИЈА од Фармацевтската Комора

June 15, 2026
ИЗВЕСТУВАЊЕ – Работно време за Новогодишните и Божиќните празници
Share on FacebookShare on Twitter

По повод неодамнешната јавна објава на социјалната мрежа Фејсбук (Facebook), во која беа изнесени низа квалификации во однос на членовите на Изборната комисија, ја упатуваме следнава официјална реакција со цел точно информирање и заштита на достоинството на професијата:

Фармацевтската комора во целост го поддржува правото на секој член јавно да изрази мислење, критика или несогласување со одредени процедури или одлуки.

Токму во насока на обезбедување на апсолутен легитимитет и доследно почитување на актите, Изборната комисија донесе одлука за прекин на изборниот процес и поништување на резултатите, со цел целиот процес да се ревидира и спроведе без ниту една единствена дамка.

Овој чин е доказ за институционална одговорност и подготвеност да се заштити интегритетот на Комората пред кој било поединечен интерес.

Сепак, слободата на изразување и дебата, како и несогласување со институционалните одлуки подразбира и одговорност за изнесените наводи, особено кога тие се однесуваат на конкретни лица и можат да влијаат врз нивниот професионален интегритет и углед. Во никој случај не смеат да се претворат во простор за лични напади и неосновани етикетирања.

Ваквите формулации ги надминуваат границите на конструктивна критика. Тие не нудат аргументи за изборниот модел, туку намерно, ад-хоминем, го напаѓаат личниот и професионалниот углед на членовите на Комисијата, создавајќи лажен впечаток за наводни задкулисни мотиви.

Членовите на Изборната комисија ја извршуваат својата функција како доверена и одговорна улога и ниту една институционална одлука, вклучително и одлуката за поништување на изборите, не смее да биде повод за неосновано доведување во прашање на нивната чесност и непристрасност.

Сакаме уште еднаш јасно да истакнеме дека оваа реакција не е со цел да се сопре дебатата за изборниот процес или донесените одлуки. Ова е легитимен чекор насочен исклучиво кон заштита на професионалната чест на колегите кои донесоа тешки и одговорни одлуки во рамките на своите надлежности.

Очекуваме коректен и зрел пристап од сите засегнати страни, со цел јавно надминување на настанатата состојба и зачувување на достоинството на фармацевтската професија.

Со почит,

Изборна комисија на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија

No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија