На 13 и 14 март во Скопје го одбележавме јубилејното издание на петтиот симпозиум за аптекарска здравствена заштита во организација на Здружението на приватни аптеки!
Во фокусот беше една од најважните теми на денешницата – менталното здравје.

Меѓу големиот број медицински и фармацевтски експерти, на настанот присуствуваше и М-р фарм. Аријана Мештровиќ, професор и меѓународен едукатор, авторка на концептот „Смарт фармацевт“ во Македонија.
Клучни пораки од симпозиумот:
– Mенталното здравје не смее да биде табу, ниту во општеството ниту во аптеките. Тоа мора да биде дел од секојдневниот стандарден протокол на фармацевтската грижа.
– Аптеката е првата станица во здравствениот систем, место за стручен совет и поддршка.
– Фармацевтите не се само издавачи на лекови, туку едукатори за безбедна и рационална употреба на терапијата.
– Интеграцијата на фармацевтот во тимовите за ментално здравје драстично ги намалува хоспитализациите.

Горди сме што во Македонија веќе ги трасираме патиштата кон современа, интегрирана фармацевтска грижа!

