ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА РС МАКЕДОНИЈА
ПОВИК
За пријавување на вршители на стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата
Вршителите на стручен надзор вршат надзор над стручната работа, врз спроведувањето на стручните упатства, ја оценуваат стручната работа на фармацевтите и стручното работење на здравствените установи во кои се врши фармацевтска дејност како дел од здравствената дејност .
За вршители на стручниот надзор можат да бидат именувани фармацевти кои ги исполнуваат следните услови:
- Специјализација во некоја област од фармацијата или магистериум како научно звање, најмалку 5 години работно искуство во соодветна здравствена установа и лиценца за работа (докази: лиценца за работа, преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ, уверение за положен специјалистички испит, уверение за магистериум како научно звање), или
- Најмалку 10 години работно искуство во соодветна здравствена установа и лиценца за работа ( докази: лиценца за работа, преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ).
Начин на поднесување на пријавите: Се пополнува пријавата и заедно со наведените докази во скенирана форма се испраќаат по електронски пат на следната е – адреса на Комората: info@fk.mk
20.2.2023 година,