П О В И К
за именување на судии во советите од прв и втор степен при Судот на честа на Фармацевтската комора на РС Македонија
Услови:
За член на совет во прв и втор степен може да биде именуван:
- фармацевт со специјализација од областа на фармацијата со најмалку 5 години работно искуство во специјалноста,
(поднесува докази: лиценца, преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ и уверение за положен специјалистички испит) или
- фармацевт со 15 години работно искуство во фармацевтска дејност (поднесува докази: лиценца, преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ) .
Начин на поднесување на пријавите со докази:
Се пополнува пријавата и заедно со наведените докази во скенирана форма се испраќаат по електронски пат на следната е – адреса на Комората: info@fk.mk
21.2.2023 година,