ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМОРА НА РС МАКЕДОНИЈА
Почитувани,
По разгледување на доставените изборни материјали и извршениот увид во истите констатирани се повреди на изборната постапка од таков карактер кои довдоа до одлука на Изборната комисија за поништување на изборната постапка за избор на членови на органите на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија за мандатниот период 2026 – 2030 година. Поништувањето се однесува на сите изборни единици.
Фармацевтска комора на РС Македонија
Изборна комисија
Со одлука на Претседателот на Собранието на Фармацевтската комора на РС Македонија распишани се избори за членови на Собранието, Извршниот одбор, Надзорниот одбор, Судот на честа и Обвинител, како и за Претседател на Собранието на Комората и Претседател на Комората.
Целосното соопштение, како и увидот во Списокот на членови по територијални единици, начинот на апликација и преземањето на формуларите можете да го направите преку линковите во продолжение
Појаснување за место на гласање во Гостивар:
Гласањето во Гостивар ќе се одвива во „Здравствен дом“ кој се наоѓа во близина на болницата.
Фармацевтска комора на РС Македонија
Изборна комисија
Со одлука на Претседателот на Собранието на Фармацевтската комора на РС
Македонија распишани се избори за членови на Собранието, Извршниот одбор,
Надзорниот одбор, Судот на честа и Обвинител, како и за Претседател на Собранието на
Комората и Претседател на Комората.
Изборните активности ќе се спроведат во периодот од 20.5.2026 до 18.7.2026
година.
Членовите на Фармацевтската комора на РС Македонија избираат членови на
органите на Комората врз основа на слободно, еднакво и непосредно избирачко право со
тајно гласање за четиригодишен мандатен период.
Избирачкото право го опфаќа правото на членовите на Комората: да се
кандидираат, да избираат, да бидат избрани, како и да одлучуваат за мандатот на
избраните членови.
Право да избира и да биде избран има секој фармацевт член на Комората, државјанин на
Република Македонија со место на живеалиште или престојувалиште на територијата на
Републиката.
Членовите на Комората се кандидираат со пополнување на едно од наведените
кандидациони ливчиња.
Пополнетите кандидациони ливчиња се поднесуваат до Комората во периодот од
20.5.2026 до 26.5.2026 година.
Кандидационо ливче за член на Собранието на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за член на Извршниот одбор на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за член на Надзорниот одбор на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за член на Судот на честа на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за Обвинител на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за Претседател на Собранието на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за Претседател на Фармацевтската комора на РС Македонија
11.5.2026
Фармацевтска комора на РС Македонија
Изборна Комисија
Информација за членството:
Конечни избирачки списоци со внесени забелешки поднесени заклучно со 26.5.2026.
Територијална – 1 (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Злетово и други населени места околу нив)
Територијална – 2 (Свети Николе, Штип, Кочани, Виница, Делчево и други населени места околу нив)
Територијална – 6 (Охрид, Струга, Дебар, Вевчани и други општини и населени места околу нив)
Територијална – 8 (Подрачје на град Скопје, општините во негов состав и населените места околу нив)
Гласањето на членството по територијалните единици ќе се одржи на 11.6.2026 година.
Кандидациона листа за претседател на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија
Кандидациона листа – Суд на честа и обвинител
Кандидациона листа – Надзорен одбор
КАНДИДАЦИОНА ЛИСТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 1
КАНДИДАЦИОНА ЛИСТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 2
КАНДИДАЦИОНА ЛИСТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 3
КАНДИДАЦИОНА ЛИСТА -ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4
КАНДИДАЦИОНА ЛИСТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 5
КАНДИДАЦИОНА ЛИСТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 6
Изборна единица 1: Куманово, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Злетово, и други
населени места околу нив.
Избирачки места:
Пробиштип, Злетово и Кратово: во Пробиштип, пзу аптека „Тилиа“ ул. Јаким Стојковски
бр. 44 – се наоѓа во Здравствениот дом, од 9.00 до 11.00 часот,
Куманово и Крива Паланка : во пзу „Бела Дона“ , се наоѓа во ЈЗУ Општа болница –
Куманово, од 13.00 до 19.00 часот,
Изборна единица 2: Свети Николе, Штип, Кочани, Виница, Македонска Каменица ,
Делчево и други населени места околу нив.
Избирачки места:
Делчево и Македонска Каменица: пзу аптека „Дел фарм“, ( до хотел Панорама). од 8.00
до 10.00 часот
Свети Николе: во пзу „Градска аптека“ ( на плоштад ) од 11.00 до 13.00 часот,
Кочани и Виница: во пзу „Градска аптека“ – Кочани, ул. Димитар Влахов ( во трговскиот
центар) од 14.00 до 16.00 часот,
Штип, во пзу „Ескулап“ ( во Здравствен дом – Штип) од 17.00 до 20.00 часот,
Изборна единица 3: Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Радовиш и други населени
места околу нив.
Избирачки места:
Пехчево и Берово: во пзу „Ена фарм“ – Берово , ул. Маршал Тито бр, 39 ( до полициската
станица) од 8.00 до 10.00
Струмица и Валандово: во пзу аптека „Адонис“ во Струмица ( кај пицерија „Елизабет“) од
12.00 до 16.00 часот,
Радовиш: во пзу аптека „Филип II“, ул. Ѓоче Петров бр. 104. Од 17.00 до 19.00
Изборна единица 4: Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Богданци, Дојран и други
населени места околу нив.
Избирачки места:
Кавадарци и Неготино: Црвен крст – Кавадарци од 8.00 до 10.30 часот
Велес: Деловен простор на ул. Орце Мартинов бр. 10 ( кај болница – поранешна аптека
Вел фарм – 2.) од 12.00 до 15.00 часот
Гевгелија , Богданци и Дојран: ЈЗУ Општа болница – Гевгелија). 17.30. до 19.30
Изборна единица 5: Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Ресен и други населени
места околу нив.
Избирачки места:
Битола, Ресен и Демир Хисар: пзу аптека „Стела“ во Битола (спроти Здравствен
дом) од 9.00 до 12.00 часот,
Прилеп и Крушево: во Градска Болница Борка Талески во Прилеп ( во библиотека)
13.00 до 16.00 часот.
Изборна единица 6: Охрид, Струга, Дебар, Вевчани и други населени места околу нив.
Избирачки места:
Охрид: пзу аптека „Маја Фарм“ ул. Туристичка бр. 54, ( до Шпар касе банка) од 8.00 до
11.00 часот,
Струга и Вевчани: Црвен крст – Струга, од 11.30 до 14.30
Дебар: Општа болница – Дебар, од 16.00 до 19.00 часот
Изборна единица 7: Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Маврово – Ростуше и
други населени места околу нив.
Избирачки места:
Кичево, Македонски Брод, Маврово – Ростуше: во Кичево – пзу аптека „Монда“ 8.00 до
10.00
Гостивар: во Здравствен дом – Гостивар 11.30 до 14.00
Тетово: пзу аптека „Вита лек“ спроти болницата во Тетово 15.00 до 19.00
Изборна единица 8: Скопје и населените места околу.
Избирачки места:
Скопје – Фармацевтска комора од 8.30 до 18.00
Известување за гласање
Гласањето се врши на избирачките места.
Не е дозволено на избирачкото место да се задржуваат лица кои немаат
права и должности во врска со спроведувањето на изборите.
Избирачот гласа на избирачкото место на кое е запишан во изводот од
избирачкиот список.
Членовите на избирачкиот одбор го утврдуваат идентитетот на избирачот и
му предаваат гласачко ливче. Преземањето на гласачкото ливче избирачот го потврдува со свој потпис на изводот од избирачкиот список.
Гласањето е тајно.
Избирачот гласа во просторија која е наменета за тоа, така што никој не
може да види како гласал.
Секој избирач гласа лично.
Се гласа на заверено гласачко ливче со заокружување на редниот број пред името и презимето на кандидатите.
Се гласа за онолку кандидати колку што треба да се изберат членови од
соодветната територијална единица.
Доколку на гласачкото ливче се заокружени помалку кандидати од бројот
што се избира од соодветната изборна единица, гласачкото ливче се смета за важечко.
Пополнетото гласачкото ливче се преклопува така за да не може да се види
како е гласано и се става во гласачката кутија.