ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОВЕРКА ВО СПИСОЦИ ПО ТЕРИТОРИЈАЛНИ ЕДИНИЦИ
Почитувани,
Во врска со претстојните избори за членови на органите на Комората потребно е:
Фармацевтите – членови на фармацевтската комора на РСМ да го проверат
местото на живеење во порталот на Комората (ЛИНК ДО ПОРТАЛОТ) дали е
идентично со податоците за место на живеење во личната карта.
Доколку фармацевтот има промена на место на живеење, а до сега не пријавил
во Комората, потребно е да пополни пријава за ажурирање на податоци и
скенирана во ПДФ заедно со скениран примерок и од личната карта да ги достави
како атачи во еден мејл на info@fk.mk.
Доколку фармацевт во прозорчето за место на живеење навел само село /
населено место, потребно е да пополни пријава за ажурирање на податоци и
скенирана во ПДФ заедно со скениран примерок и од личната карта да ги достави
како атачи во еден мејл на info@fk.mk и да го навеве најблискот град кон кој
гравитира селото / населеното место.
Доколку во прозорчето место на живеење фармацевтот не навел ништо,
потребно е да пополни пријава за ажурирање на податоци и скенирана во ПДФ
заедно со скениран примерок и од личната карта да се достават како атачи во
еден мејл на info@fk.mk.
Заради остварување на избирачките права, се задолжуваат членовите на
Комората да ги подмират заостанатите износи по основ на членарина бидејќи
според член 13 од статутот на Комората членувањето во Комората престанува
покрај другото и поради нередовно плаќање на членарината најмалку 12
последователни месеци.
Пријавите за ажурирање на податоците да се поднесат заклучно со 30.9.2026
година.
Територијална – 1 (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Злетово и други населени места околу нив)
Територијална – 2 (Свети Николе, Штип, Кочани, Виница, Делчево и други населени места околу нив)
Територијална – 6 (Охрид, Струга, Дебар, Вевчани и други општини и населени места околу нив)
Територијална – 8 (Подрачје на град Скопје, општините во негов состав и населените места околу нив)