Почитувани,
Во врска со вклучување на аптеките кои се надвор од Мрежата на ЗУ, потребни се податоци кои се наоѓаат во табелата во прилог. Табелата содржи два дела – Аптека (за податоци за аптеката) и Вработени (податоци за вработените). Податоците се потребни за да се креираат аптеките како установи во системот, а вработените како корисници со цел да може да реализираат рецепти за лекови кои не се на товар на ФЗО.

