Почитувани,
со искрена гордост и почит Ви го честитаме 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.
Ден кога ја славиме заедничката волја, единството и стремежот за демократија, мир и просперитет.
Нека овој празник нè потсети дека иднината ја градиме заедно – со посветеност, одговорност и почит кон вредностите што нè обединуваат. Само обединети и со заедничка визија можеме да продолжиме да ја јакнеме нашата татковина и да обезбедиме подобра иднина за сите генерации.
Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста!
Со почит,
Фармацевтска Комора на Република Северна Македонија

