02 3217 614 , 02 3217 637    info@fk.mk
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
No Result
View All Result
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result

Нека е честит 25 Септември, Светскиот ден на Фармацевтите!

September 25, 2025
Нека е честит 25 Септември, Светскиот ден на Фармацевтите!
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на фармацевтите (25 септември)  е меѓународен ден на фармацевтите, но и на фармацијата како професија. Фармацевтите отсекогаш биле, се, и ќе бидат клучни даватели на здравствените услуги, и како што се проширува делокругот на секојдневните практики и работни задачи, самата фармацевтска професија минува низ трансформација, со што фармацевтската струка станува централна во модерниот здравствен систем. Фармацевтите се способни да одговорат на сите прашања, проблеми, ситуации, максимално професионално и доследно на сите, па и на најмалите предизвици, без оглед дали станува збор за лабораториските истражувања, технолошките процеси, познавањето на природните лекови, но и на пружањето на аптекарската здравствена заштита.

Современиот, глобален тренд ја става фармацијата во специјален фокус на дигиталното здравство и напредните практики и искуства од области како што се дигитална писменост, вештачка интелигенција, телефармација, вакцинација од страна на фармацевтите. Секако дека и технолошките иновативни начини на производство на авангардни системи за транспорт на активните молекули до таргетираните рецептори, се од особен интерес на фармацијата.

Детерминирањето на иднината на фармацевтската струка, и технолошко-производствена, и лабораториска, но пред се аптекарска зависи од нас самите. Инвестирањето во сопственото знаење, учењето на нови вештини, стекнувањето со нови квалификации и компетенции, се клучните моменти со кои ние, фармацевтите можеме да се избориме за нашето, централно  место како во јавниот живот, така и во институциите на системот.

Оваа година, на 25ти Септември се одбележуваат 113 години од востановувањето на Интернационалната Федерација на Фармацевтите (International Pharmaceutical Federation (FIP), односно по 16ти пат се празнува Светскиот ден на фармацевтите. Во 2020 година, ФИП ја креираше Светската недела на фармацијата, со што прославата се проширии на цела седмица, подразбирајќи ја целата фармацевтска професија, како и сите нејзини сектори.

Наша морална, етичка и струковна одговорност е да си ја почитуваме професијата и струката 365 дена годишно.

Драги колеги, нека ни е честит празникот !!!

Next Post
На покана од Ана Солдо, Ставрова на јубилејот на Хрватската фармацевтска Комора

На покана од Ана Солдо, Ставрова на јубилејот на Хрватската фармацевтска Комора

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија

No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија