02 3217 614 , 02 3217 637    info@fk.mk
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
No Result
View All Result
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result

Ставрова: Година на напредок, соработка и визија

December 31, 2025
Ставрова: Година на напредок, соработка и визија
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани членови, колеги и соработници,

На прагот на Новата година, со искрена благодарност и чувство на заедничка гордост, Ви упатувам срдечни честитки и најдобри желби за здравје, професионален успех и лична благосостојба. Нека Новата година донесе нови можности, стабилност и уште посилна соработка во насока на унапредување на фармацевтската професија и здравствениот систем во целина.

2025 година беше година на интензивна работа, значајни достигнувања и поставување цврсти темели за идниот развој. Во текот на годината се реализираа бројни средби и конструктивни разговори со клучни институции, меѓу кои Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и МАЛМЕД, со јасна цел – зајакнување на улогата на фармацевтот во Примарната здравствена заштита.

Особено значаен исчекор претставуваат измените во Законот за здравствена заштита во насока на проширување на листата на услуги во овој сегмент, со што уште еднаш се потврдува суштинската улога на аптеките како достапна и квалитетна здравствена услуга за граѓаните. Во таа насока, фармацевтското досие претставува клучен чекор кон координиран и интегриран пристап во грижата за пациентите, овозможувајќи подобра соработка меѓу фармацевтите и останатите даватели на здравствени услуги.

Како еден од најзначајните настани во 2025 година е свеченото потпишување на Меморандум за соработка со Американската фармацевтска асоцијација – APhA (American Pharmaceutical Association) за воведување на светските протоколи за Medication Therapy Management (MTM) во Македонија. Овој настан, одржан во просториите на Комората на 13 ноември, претставува историски исчекор и силна потврда за интеграцијата на македонската фармација со меѓународните стандарди и современите практики.

Дополнителна потврда за квалитетот, стручноста и ангажманот на македонските фармацевти е и објавената научна публикација, произлезена од јавно-здравствена активност на аптеките во Македонија. Овој труд ја истакна улогата на аптеките како прва точка на контакт со пациентите и нивниот значаен придонес во раната детекција, превенцијата и подобрувањето на здравствените исходи во заедницата.

Со благодарност до сите членови за посветеноста, професионалноста и заедничката визија, уверени сме дека и во годината што доаѓа ќе продолжиме да градиме посилна, повидлива и уште повлијателна фармацевтска професија. Со заеднички напори и континуирана посветеност, нашата визија е да ги надминеме постигнатите успеси, да го унапредиме квалитетот на фармацевтската дејност и да обезбедиме уште поефективна грижа за здравјето на граѓаните.

Среќна и успешна Нова година!

Фарм. Спец. Весна Ставрова
Претседателка на Фармацевтската комора на РС Македонија

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија

No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија