ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНСТВОТО – 4.12.2015

На 3.12.2015 година Претседателот на Фармацевтската комора на Македонија и  Директорите на Фондот за здравствено осигурување одржаа состанок во врска со актуелните проблеми со кои се соочуваат фармацевтите од ПЗУ Аптеки.

Заклучоци:

  • Во врска со примената на одредбата од Законот за лекови – фармацевт во секоја смена, примената на одредбата ќе се одложи и истата е влезена во Измените и дополнувањата на Законот за лекови кој треба да се објави во Службен Весник на РМ до средината на декември.
  • Во врска со договорните казни ФЗОМ најави олеснување на казнената политика аналогно на договорите со лекарите и стоматолозите.
  • Се формира заедничка работна група од претставници на двете институции која од понеделник – 7.12.2015 ќе работи на одредбите од анекс – договорот за 2016 година.

На состанокот се разговараше и за дежурствата и за цената на услугата за издавање на лек на рецепт. За решавање на овие прашања од Страна на ФЗО беше предложено да се одржуваат интензивни средби во наредниот период  бидејќи е потребно да се направат подетални анализи.

Остави коментар

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување