02 3217 614 , 02 3217 637    info@fk.mk
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ
No Result
View All Result
Фармацевтска Комора
No Result
View All Result

СООПШТЕНИЕ на Фармацевтската комора: Поддршка за акцијата на МВР и МЗ против шверцот со лекови

September 23, 2026
ИЗВЕСТУВАЊЕ – Работно време за Новогодишните и Божиќните празници
Share on FacebookShare on Twitter

Фармацевтската комора на Република Северна Македонија, како стручна, професионална и еснафска организација, недвосмислено ја поддржува акцијата на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, во која се запленети поголеми количини шверцувани лекови и суплементи што не можат да се добијат легално во аптеките бидејќи не ја поминале законската процедура за увоз и не се регистрирани во МАЛМЕД.

Меѓу запленетите препарати има производи наменети за третман на дијабетес, кардиоваскуларни, невролошки, психијатриски и автоимуни заболувања, хормонски терапии, како и препарати за зголемување на сексуалната потенција, односно лекови што исклучиво се издаваат со пропишан рецепт од лекар, без оглед дали се наоѓаат на позитивната листа.

Фармацевтската комора категорично се спротивставува на купувањето лекови и помошни лековити средства надвор од аптеките, односно на црниот пазар, од неовластени лица и продажни места, преку интернет и социјалните мрежи. Ваквата недозволена трговија претставува директна закана по здравјето и животот на граѓаните, дотолку повеќе што за овие производи не постои никаква гаранција за квалитет, безбедност и ефикасност. Тие не ја поминале законската процедура за увоз и регистрација и немаат дозвола за промет издадена од Агенцијата за лекови и помошни лековити средства (МАЛМЕД).

Шверцуваните лекови можат да содржат опасни и токсични супстанции, што може да предизвика труење и тешки оштетувања на организмот. Исто така, кај овие препарати многу често е присутна поголема или недоволна количина на активна супстанца, што за одредени заболувања може да биде фатално по здравјето на луѓето. Честопати, лековите кои се продаваат на црниот пазар немаат наведен производител, немаат прецизиран рок на траење или се со изминат рок, а непознати се и условите под кои биле чувани и транспортирани, што исто така може да има несогледливи последици.

Фармацевтската комора апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на ветувањата на некомпетентни лица за „чудотворно делување“ на одредени препарати, туку да им веруваат единствено на институциите на системот.

Ги повикуваме граѓаните лековите да ги набавуваат исклучиво во овластени и лиценцирани аптеки, и тоа врз основа на пропишан лекарски рецепт, и строго да се придржуваат кон динамиката за нивно консумирање одредена од стручно лице.

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија

No Result
View All Result
  • Дома
  • За Комората
    • Основна дејност на Комората
    • Цели и задача на Комората
    • Органи на Комората
    • Организација на Комората
    • Регулатива
  • За Членовите
    • Членарина
    • Пријави и барања
    • Пробна работа и стручен испит
    • Лиценци
    • Обнова на лиценци
    • Признавање на Лиценца
  • Континуирана едукација
    • Акредитација
    • Акредитирани облици на стручно усовршување
  • Стручен надзор
    • Документи
  • Публикации
  • Контакт
  • 🇦🇱 SQ

Copyright © 2023 Фармацевтска комора на Република Северна Македонија