Со одлука на Претседателот на Собранието на Фармацевтската комора на РС Македонија распишани се избори за членови на Собранието, Извршниот одбор, Надзорниот одбор, Судот на честа и Обвинител, како и за Претседател на Собранието на Комората и Претседател на Комората.
Целосното соопштение, како и увидот во Списокот на членови по територијални единици, начинот на апликација и преземањето на формуларите можете да го направите преку линковите во продолжение
Со одлука на Претседателот на Собранието на Фармацевтската комора на РС
Македонија распишани се избори за членови на Собранието, Извршниот одбор,
Надзорниот одбор, Судот на честа и Обвинител, како и за Претседател на Собранието на
Комората и Претседател на Комората.
Изборните активности ќе се спроведат во периодот од 20.5.2026 до 18.7.2026
година.
Членовите на Фармацевтската комора на РС Македонија избираат членови на
органите на Комората врз основа на слободно, еднакво и непосредно избирачко право со
тајно гласање за четиригодишен мандатен период.
Избирачкото право го опфаќа правото на членовите на Комората: да се
кандидираат, да избираат, да бидат избрани, како и да одлучуваат за мандатот на
избраните членови.
Право да избира и да биде избран има секој фармацевт член на Комората, државјанин на
Република Македонија со место на живеалиште или престојувалиште на територијата на
Републиката.
Членовите на Комората се кандидираат со пополнување на едно од наведените
кандидациони ливчиња.
Пополнетите кандидациони ливчиња се поднесуваат до Комората во периодот од
20.5.2026 до 26.5.2026 година.
Кандидационо ливче за член на Собранието на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за член на Извршниот одбор на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за член на Надзорниот одбор на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за член на Судот на честа на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за Обвинител на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за Претседател на Собранието на Фармацевтската комора на РС Македонија
Кандидационо ливче за Претседател на Фармацевтската комора на РС Македонија
11.5.2026
Фармацевтска комора на РС Македонија
Изборна Комисија
Секој член на Комората да се провери во СПИСОКОТ, доколку некој не се најде на
списокот или има забелешки за сопствените податоци да ги испрати своите забелешки
на info@fk.mk најдоцна до 20.5.2026 година.
Територијална – 1 (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Злетово и други населени места околу нив)
Територијална – 2 (Свети Николе, Штип, Кочани, Виница, Делчево и други населени места околу нив)
Територијална – 6 (Охрид, Струга, Дебар, Вевчани и други општини и населени места околу нив)
Територијална – 8 (Подрачје на град Скопје, општините во негов состав и населените места околу нив)