ЦЕНИТЕ НА ЛЕКОВИТЕ ВО ДРЖАВАТА ГИ РЕГУЛИРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Фармацевтите во аптеките немаат можност да  ги регулираат цените на лековите,  туку нив ги диктираат производителите и дистрибутерите на лекови, а маржите со кои работат аптеките се непроменети и се многу ниски во однос на другите држави, изјави во интервју за Македонската  телевизија, фарм.спец. Весна Ставрова, претседателка на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија. Како што истакна таа, цените на лековите  се зголемени на светскиот пазар, а и во соседните држави, според кои, согласно методологија, зацртана во Законот за лекови и медицински средства, се формираат цените на лековите  на големо и на мало, Она што граѓаните треба да го знаат, вели Ставрова, е  дека цените на лековите ги регулира Министерството за здравство и тие  се идентични во сите аптеки на територијата на нашата држава.

Во гостувањето на јавниот сервис, првиот човек на Фармацевтската комора, се осврна и на улогата и значењето на  фармацевтите, како најдостапни здравствени работници. Како што нагласи таа, фармацевите во аптеките,  како високообразовани  здравствени работници, имаат клучна улога во подобрување на  јавното здравје и  менаџирање на терапијата кај пациентите, и тоа од фармаколошки и нефармаколошки аспект.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување