Од реализираната средба со Заменик министерката за здравство Д-р Маја Манолева одржана на 25.12.2023 година. На средбата присуствуваа Претседателите на коморите од областа на здравството Проф. д-р Калина Гривчева Старделова – Претседател на Лекарска комора, Д-р Марјан Денковски – Претседател на Стоматолошка комора и Дипл.фарм.спец. Весна Ставрова – Претседател на Фармацевтската комора.
На средбата беа изнесени конструктивни предлози за соодветни законски измени во насока на подобрување на здравствениот систем во целост во интерес на здравјето на пациентите и положбата на здравствените работници – лекарите, стоматолозите и фармацевтите.