Делувајќи на своите работни места во здравствените установи и обезбедувајќи здравствени услуги за превенција од заболувања, обезбедување на медицински производи, лекување на болести и подобрување на здравјето, потоа развој на нови и ефикасни терапии и воведување на нови наставни програми и форми на едукација и континуирана едукација, фармацевтите го трансформираат третирањето на глобалното здравје при што обезбедуваат секој да има корист од примената на безбедни, ефикасни, ефективни, квалитетни и достапни лекови и здравствени технологии како и корист од дадените фармацевтски услуги.
Пораката на FIP за Светскиот ден на фармацевтите 2023 година е јасна: НЕКА АПТЕКИТЕ ПРАВАТ ПОВЕЌЕ!
Да ни е честит 25-ти септември – Денот на фармацевтите!