ПОВИК за поднесување пријави за едукатори

Albanian

П О В И К

за поднесување пријави за едукатори и здравствени установи за спроведување на пробната работа и полагањето на стручниот испит за дипломирани фармацевти и магистри по фармација

Едукаторот е здравствен работник со високо образование од областа на фармацијата под чиј надзор се спроведуваат содржините од планот и програмата за пробна работа на фармацевтите за полагање на стручен испит. За времетраењето на пробната работа едукаторот треба да биде вработен во здравствената установа на неопределено време.

 

УСЛОВИ И ПОТРЕБНИ ДОКАЗИ: 

Едукатор за аптека со галенска лабораторија ги приложува следните докази:

  • лиценца за работа,
  • преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ (најмалку 10 години работно искуство по добивањето на лиценцата за работа).

Едукатор за болничка аптека ги приложува следните докази:

  • лиценца за работа,
  • преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ (најмалку 10 години работно искуство по добивањето на лиценцата за работа).

Едукатор за фармакоинформатика:

  • лиценца за работа,
  • уверение за положен специјалистички испит – фармакоинформатика,
  • преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ  (најмалку 5 години работно искуство од стекнувањето на специјализацијата).

 

Едукатор за клиничка фармација:

  • лиценца за работа,
  • уверение за положен специјалистички испит – клиничка фармација,
  • преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ (најмалку 5 години работно искуство од стекнувањето на специјализацијата).

Начин на поднесување на пријавите: Се пополнува пријавата  и заедно со наведените докази во скенирана форма се испраќаат по електронски пат на следната е – адреса на Комората: info@fk.mk

 

21.2.2023 година,

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување