ИНФО ЗА ПЗУ АПТЕКИ ОД ГРАД СКОПЈЕ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Почитувани, Ве известуваме дека во петокот 19.8.2022 година Фармацевтската комора на РСМ, Здружението на приватни аптеки на РСМ, Лекарската комора на РСМ и Здружението на матични лекари одржаа заеднички состанок на тема – фармацевтска грижа во примарната здравствена заштита „КОВИД – тестирање“ на кој се дискутираше за придонесот кој фармацевтите како здравствени работници можат да го дадат во ковид – брзите тестирања.

За таа цел се планира пилот проект првенствено со пзу – аптеки со седиште на подрачјето на град Скопје.

Сите пзу аптеки кои се заинтересирани да се вклучат во проектот да достават до
Фармацевтската комора на РСМ податоци за аптеката ( име, адреса, е – адреса и лице со контакт телефон) најдоцна до среда – 24.8.2022 година до 12.00 часот на info@fk.mk

Фармацевтска комора на РСМ
Претседател – дипл.фарм.спец. Весна Ставрова,

[/vc_column_text][vc_separator][vc_column_text]

Инфо за пилот – проект „ Ковид –брзо тестирање“

 

Се известуваат пзу – аптеките кои се пријавија за учество во пилот – проектот „ Ковид – брзо тестирање“ дека на ден 30.9.2022 година се одржа работна средба помеѓу Фармацевтската комора, Лекарската комора и Комисијата за заразни болести на која се формира работна група која ќе ги дефинира минимумот услови кои аптеките треба да ги исполнуваат за ковид – брзото тестирање.

 

Доколку има и други пзу – аптеки од Скопје кои сакаат да се вклучат во проектот може да ги доставуваат податоците за аптеките на info@fk.mk

 

Фармацевтска комора на РСМ,

Претседател, дипл. фарм спец. Весна Ставрова

 

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]