Почитуван Декане, Почитувани колеги фармацевти,
Фармацевтската комора на Македонија Ви го честита јубилејот 45 години од основањето на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Пред 45 години, група ентузијасти- научни работници, експерти, професори, успеаја да ја основаат оваа врвна високообразовна институција и да го трасираат патот по кој таа и денес се движи, успевајќи да прерасне во еден образовен гигант со силен наставно-научен потенцијал.
Од основањето па до денес Фармацевтскиот факултет успеа да развие богата образовна, научно-истражувачка и апликативна дејност и да едуцира плејада високостручни професионалци -магистри по фармација, специјалисти, доктори на науки, кои својот професионален пат успешно го градат во нашата држава и во странство.
Сведоци сме дека ниту здравствениот систем во државата, без оглед дали станува збор за сегментот на аптеки или клиничко-болнички установи, ниту фармацевтската индустрија, ниту една надлежна административна институција, не може да се замисли без високообразовен фармацевтски кадар, од кој најголемиот број е едуциран токму на Фармацевтскиот факултет при УКИМ.
Фармацевтската комора на Македонија , традиционално, одржува успешна соработка со Фармацевтскиот факултет при УКИМ , како во насока на подигнувањето на дигнитетот на еснафот , така и во поглед на унапредувањето на фармацевтската дејност , воведувањето нови видови фармацевтски услуги и зацврстување на положбата на фармацевтите во здравствениот систем за што искрено Ви благодариме.
Со почит,
Проф.д-р Бистра Ангеловска,
Претседател на Фармацевтската комора на Македонија