Упис во регистар на здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата што го води Фармацевтската комора на Македонија
Основни информации: Упис во регистарот на фармацевти
Информации за контакт: info@fk.mk; 02 3217-614; 02 3217-637;
Надлежен орган за постапување за правен лек и рокови: Управен Суд, управен спор во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението на странката,
Регулативи: Закон за здравствената заштита,
Процесни документи: Пријава за упис во писмена форма, се поднесува во архивата на Комората или на електронска адреса на Комората,
Услови:
Завршен фармацевтски факултет, 300 ЕКТС,
Докази:
Фотокопии од уверение и диплома за завршен фармацевтски факултет заверени на нотар,
Плаќање: 1.000,00 денари на сметка на Комората
Организирање на спроведување на пробна работа на здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата
Основни информации: Пробна работа – стажирање заради полагање на стручен испит,
Информации за контакт: info@fk.mk; 02 3217-614; 02 3217-637;
Надлежен орган за постапување за правен лек и рокови: Управен Суд, управен спор во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението на странката,
Регулативи: Закон за здравствената заштита,
Процесни документи: Барање за пробна работа, се поднесува во архивата на Комората или на електронска адреса на Комората,
Услови:
Завршен фармацевтски факултет, 300 ЕКТС,
Докази:
Фотокопии од уверение и диплома за завршен фармацевтски факултет заверени на нотар, уверение за државјанство, книшка за стажирање за здравствени работници,
Плаќање: 15.000,00 денари на сметка на Комората
Стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата
Основни информации: Полагање на стручен испит заради стекнување право на лиценца за работа,
Информации за контакт: info@fk.mk; 02 3217-614; 02 3217-637;
Надлежен орган за постапување за правен лек и рокови: Управен Суд, управен спор во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението на странката,
Регулативи: Закон за здравствената заштита,
Процесни документи: Барање за пробна работа, се поднесува во архивата на Комората или на електронска адреса на Комората,
Услови:
Завршен фармацевтски факултет, 300 ЕКТС,
Докази:
Фотокопии од уверение и диплома за завршен фармацевтски факултет заверени на нотар, уверение за државјанство, книшка за стажирање за здравствени работници,
Плаќање: 15.000,00 денари на сметка на Комората
Признавање на пробна работа и стручен испит поминат и положен во странство на здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата
Основни информации: Признавање на пробна работа и стручен испит поминат и положен во странство
Информации за контакт: info@fk.mk; 02 3217-614; 02 3217-637;
Надлежен орган за постапување за правен лек и рокови: Управен Суд, управен спор во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението на странката,
Регулативи: Закон за здравствената заштита,
Процесни документи: Барање за признавање, се поднесува во архивата на Комората или на електронска адреса на Комората,
Услови:
Завршен фармацевтски факултет, 300 ЕКТС,
Докази:
Преводи од докази за завршен фармацевтски факултет, помината пробна работа, положен стручен испит, содржини на план или програма за помината пробна работа заверени на нотар, уверение за државјанство, решение за нострификација на странска диплома издадено од Министерство за образование и наука на РСМ ( по потреба и други докази).
Издавање лиценца за работа на фармацевт
Основни информации: Издавање лиценца за работа на фармацевт
Информации за контакт: info@fk.mk; 02 3217-614; 02 3217-637;
Надлежен орган за постапување за правен лек и рокови: Управен Суд, управен спор во рок од 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт на странката,
Регулативи: Закон за здравствената заштита,
Процесни документи: Барање за издавање на лиценца во писмена форма, се поднесува во архивата на Комората,
Плаќање: 3.500,00 денари на сметка на Комората
Докази:
За фармацевт кој го завршил образованието на високообразовните институции во Република Северна Македонија:
Диплома за завршено високо образование од областа на фармацијата.
Доказ за извршена пробна работа;
Доказ за положен стручен испит.
Доказите се доставуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар.
Фармацевт со завршено високо образование, извршена пробна работа и положен стручен испит во странство ,
Нострифицирана диплома за завршено високо образование од областа на фармацијата,
Доказ за призната пробна работа, и
Доказ за положен стручен испит.
Доказите се доставуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар.
За фармацевт кој се стекнал со лиценца за работа во странство:
Нострифицирана диплома за завршено високо образование од областа на фармацијата,
Доказ за призната пробна работа,
Доказ за положен стручен испит.
Препорака од комората во која членувал,
Доказ за претходно работно искуство во фармацевтската дејност.
Доказите се доставуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар.
За фармацевт – странски државјанин:
Доказ за одобрен престој во Република Македонија издаден од надлежен државен орган,
Одобрение за работа издадено од надлежен државен орган,
Нострифицирана диплома за завршено високо образование од областа на фармацијата,
Доказ за призната пробна работа и признат положен стручен испит,
Доказ за завршена дополнителна обука и проверка на стручни знаења и способности, во согласност со Правилникот за програмата за дополнителна обука и проверка на стучните знаења и способности на Комората,
Доказ -потврда за познавање на македонскиот јазик издадена од овластена образовна установа за успешно положен тест за знаење на јазикот.
Обновување на лиценцата за работа на фармацевт
Основни информации: Обновување на лиценца за работа на фармацевт за период од 7 години,
Информации за контакт: info@fk.mk; 02 3217-614; 02 3217-637;
Надлежен орган за постапување за правен лек и рокови: Управен Суд, управен спор во рок од 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт на странката,
Регулативи: Закон за здравствената заштита,
Процесни документи: Барање за обновување на лиценца во писмена форма, се поднесува во архивата на Комората,
Услови:
60% од времето на важење на лиценцата работа во фармацевтска дејност, и
континуирана едукација .
Докази:
Преглед на сите вработувања од АВРМ,
Сертификати за континуирана стручна едукација – вкупно 140 бодови.
Плаќање: 3.000,00 денари на сметка на Комората