Почитувани колеги,
Здружението на приватни аптеки на РМ со цел проширување и комплетирање на своето членство,ви испраќа ПРИСТАПНИЦА за здружување.
Истата треба да ја пополнете со вашите податоци и да ја испратете на меил адресата на Здружението (zparm2017@gmail.com).
Документот е спремен во Word за да можете да ги внесете вашите податоци и електронски да ги вратете назад.
ЗПАРМ е формирано со цел да се актуелизираат и разрешуваат актуелните состојби во аптекарството.
Сите членови на Здружението имаат еднакви права и можат да го дадат својот личен придонес за ефектно работење на истото.
Нашето организирање во Здружение треба да биде помасовно,да бидеме во поголем број за да можеме да бидеме присутни во јавноста и во институциите на власта.
Здружението е во корелација со Фармацевтската комора и заеднички настапува пред институциите за проблемите кои се иницирани од нас аптеките.
Досегашното работење на ЗПАРМ резултира со сознанието на институциите на власта дека ние пистоиме како аптекарска фела,дека добро се организираме и дека сме спремни да преговараме со нив.Ефикасноста на разрешувањето на нашите барања секако зависи и од нас самите во смисол на засилен и зачестен контакт со Министерството за здравство,МАЛМЕД,ФЗО и др.
ПРИСТАПНИЦА За зачленување во Здружение на приватни аптеки на Република Македонија