Albanian

Бодовите за секој одделен вид облик на стручно усовршување дадени се во правилникот и истите за секој конкретен случај ги одредува Комисијата за акредитација формирана во Комората од страна на Управниот одбор на Комората како постојано работно тело на кое се доверени активностите околу акредитирањето на облиците на стручното усовршување. Меѓу другото, Комисијата ја спроведува и постапката за акредитирање – одобрување на облик на стручно усовршување.

Организаторот на стручно усовршување поднесува барање за одобрување до Комисијата за акредитација најмалку еден месец пред неговото одржување. Кон барањето приложува примерок со содржината на обликот на стручно усовршување. Комисијата донесува одлука во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето. Со одлуката со која се одобрува обликот на стручното усовршување се врши негово вреднување и бодирање според критериумите и бодовите утврдени во правилникот.

Врз основа на одлуката за одобрување, организаторот изготвува сертификати во кои го наведува називот на обликот на стручното усовршување и определените бодови.За времетраењето на лиценцираниот период – седум години од денот на издавањето на лиценцата за работа, фармацевтот е должен да собере 140 бодови преку учество во различни облици на стручно усовршување. Заради обезбедување на континуирано стручно усовршување лиценцираниот фармацевт треба да собира 20 бодови годишно а доказите за тоа – сертификатите да ги доставува до Комората еднаш годишно.

Потребни документи за акредитирање на облик на стручно усовршување

За организатор – правно лице

За поеднично барање за акредитација

БАРАЊЕ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување