Oрганизирањето и спроведувањето на полагање на стручниот испит на здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата како јавно овластување е пренесено на Фармацевтската комора на Македонија со Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, Сл. Весник на РМ бр. 10 /2004.
Завршената пробната работа е услов за полагање на стручен испит, а положениот стручен испит е услов за вадење на Лиценца за работа. Здравствениот работник со високо образование од областа на фармацијата по завршување на факултетот се пријавува во Фармацевтската комора за да ја започне пробната работа која трае 6 месеци за магистрите односно 12 месеци за дипломираните фармацевти.
Најпрвин потребно е да се регистрирате на нашиот портал преку следниот линк.
Барањето за пробна работа можете да го преземете или испратите на следниот линк.
Кон пријавата треба да ги приложи следните докази:
- Уверение за завршено високо образование,
- Доказ за уплатен надоместок
- Стажантска книшка
- Доказ за државјанство
За здравствените работници со високо образование кои го завршиле факултетот во странство потебно е решение за признавање на високо- образовната квалификација од Министерство за образование и наука на РМ.
Доказите се приложуваат во фотокопија заверена на нотар, лично во просториите на Фармацевтска Комора на Република Македонија.
По завршување на пробната работа, до Фармацевтската Комора се поднесува:
- пријава за полагање на стручниот испит и
- Доказ за завршен приправнички стаж – стажантска книшка,