На 3 –ти Ноември 2022 година во просториите на Лекарската комора на РСМ се одржа работна средба на претставници на Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора со министерот за здравство д-р Беким Сали и претставници на Фондот за здравствено осигурување на РСМ.
На средбата Претседателката на Фармацевтската комора на РСМ и Претседателката на Здружението на приватните аптеки на РСМ ги образложија актуелните проблеми со кои се соочуваат приватните здравствени установи – аптеки а особено проблемот со реализирањето на рецептите преку „Мој термин“, ниската цена на услугата – издавање лек на рецепт, новиот електронски рецептен образец и упатството за пропишување и издавање на лековите за кој се засегнати и матичните лекари.
На средбата се разговараше и за подигнување на нивото и улогата на фармацевтите во здравствениот систем преку воведување на нови услуги во листата на услуги кои можат да ги вршат фармацевтите во аптеките, учество во програмите, мерките и активностите за подобрување на квалитетот на здравствената заштита на населението во чиј контекст беше начната и темата за концептот – матична аптека.
Заедничките средби ќе продолжат и понатаму со цел да се изнајдат поволни решенија.