Сочувство од Фармацевтската комора по повод трагедијата во Кочани

ВО МИСЛИТЕ СМЕ СО СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДAНИТЕ ВО СТРАОТНАТА НЕСРЕЌА

Со длабока тага ја примивме веста за  страшната трагедија во која, во импровизирана дискотека во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а  стотици се тешко повредени. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во оваа незапаметена трагедија, што ја зави цела Македонија во црно. Во мислите сме со семејствата на прерано згаснатите млади животи и на стотиците тешко повредени што се борат за своите животи во здравствените установи во нашата држава, во Србија, Бугарија, Грција, Турција… 

На Владата на Република Северна Македонија и на институциите на системот, им даваме безрезервна поддршка за целосното  расветлување  на причините за оваа трагедија од несогледливи размери, во која згаснаа толку многу млади животи кои требаше да ја претставуваат иднината на нашата држава.

Фармацевтската комора на Република Северна Македонија, со сите  расположливи стручни и кадровски капацитети, им стои на располагање на здравствените установи и на сeмејствата чии најмили настрадаа во страотниот пожар во Кочани.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување