ПОВИК за пријавување на вршители на стручен надзор

Albanian

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА РС МАКЕДОНИЈА

ПОВИК

За пријавување на вршители на стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата

Вршителите на стручен надзор вршат надзор над стручната работа, врз спроведувањето на стручните упатства, ја  оценуваат стручната работа на фармацевтите и стручното работење на здравствените установи во кои се врши фармацевтска дејност како дел од здравствената дејност .

За вршители на стручниот надзор можат да бидат именувани фармацевти кои ги исполнуваат следните услови:

  • Специјализација во некоја област од фармацијата или магистериум како научно звање, најмалку 5 години работно искуство во соодветна здравствена установа и лиценца за работа (докази: лиценца за работа, преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ, уверение за положен специјалистички испит, уверение за магистериум како научно звање), или
  • Најмалку 10 години работно искуство во соодветна здравствена установа и лиценца за работа  ( докази:  лиценца за работа, преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ).

Начин на поднесување на пријавите: Се пополнува пријавата  и заедно со наведените докази во скенирана форма се испраќаат по електронски пат на следната е – адреса на Комората: info@fk.mk

Пријава

20.2.2023 година,

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување