Повик за вршители на стручен надзор

Стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници е јавно овластување , со кое Фармацевтска комора на Македонија се стекна со донесувањето на Законот за здравствената заштита во 2012 година (Сл. Весник на РМ 43/2012).

Стручен надзор се врши заради контрола над стручната работа, спроведување на стручните упатства, оцена на стручната работа, како и процена на условите и начинот на укажување на здравствената заштита.

Заради истекот на мандатот на вршителите и измени во барањата за вршители, Фармацевтска комора на Македонија распишува

ПОВИК

За пријавување на вршители на стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата

За вршители на стручен надзор може да се пријават фармацевтите:

1. Кои веќе се именувани за вршители на стручен надзор кои сакаат да останат вршители со пополнување на Известување (дел од повикот) и негово праќање на следната е-маил адреса: info@fk.mk најдоцна до 09.11.2016 година.

2. Сите фармацевти кои ги исполнуваат следните услови:

А. Специјализација во некоја област од фармацијата или магистериум како

научно звање, најмалку 5 години работно искуство во соодветна здравствена установа и лиценца за работа за што треба да достават:

(1) Пријава (дел од повикот),

(2) копија од Лиценцата за работа,

(3) копија од Уверението за завршена специјализација или од Дипломата за завршени магистерски студии,

(4) доказ за стаж (документ од Агенција за вработување – историја на работни односи или од ПИОМ – потврда за стаж) на следната е-маил адреса: info@fk.mk најдоцна до 09.11.2016 година или

Б. Најмалку 10 години работно искуство во соодветна здравствена установа и лиценца за работа при што треба да достават:

(1) Пријава (дел од повикот),

(2) копија од Лиценцата за работа,

(3) доказ за стаж (документ од Агенција за вработување – историја на работни односи или од ПИОМ – потврда за стаж) на следната е-маил адреса: info@fk.mk најдоцна до 09.11.2016 година.

Во прилог

1.       Известување

2.       Пријава А

3.       Пријава Б

Остави коментар

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување