П О В И К
за поднесување пријави за едукатори и здравствени установи за спроведување на пробната работа и полагањето на стручниот испит за дипломирани фармацевти и магистри по фармација
Едукаторот е здравствен работник со високо образование од областа на фармацијата под чиј надзор се спроведуваат содржините од планот и програмата за пробна работа на фармацевтите за полагање на стручен испит. За времетраењето на пробната работа едукаторот треба да биде вработен во здравствената установа на неопределено време.
УСЛОВИ И ПОТРЕБНИ ДОКАЗИ:
Едукатор за аптека со галенска лабораторија ги приложува следните докази:
- лиценца за работа,
- преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ (најмалку 10 години работно искуство по добивањето на лиценцата за работа).
Едукатор за болничка аптека ги приложува следните докази:
- лиценца за работа,
- преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ (најмалку 10 години работно искуство по добивањето на лиценцата за работа).
Едукатор за фармакоинформатика:
- лиценца за работа,
- уверение за положен специјалистички испит – фармакоинформатика,
- преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ (најмалку 5 години работно искуство од стекнувањето на специјализацијата).
Едукатор за клиничка фармација:
- лиценца за работа,
- уверение за положен специјалистички испит – клиничка фармација,
- преглед на пријави и одјави во осигурување од Агенција за вработување на РСМ (најмалку 5 години работно искуство од стекнувањето на специјализацијата).
Начин на поднесување на пријавите: Се пополнува пријавата и заедно со наведените докази во скенирана форма се испраќаат по електронски пат на следната е – адреса на Комората: info@fk.mk
21.2.2023 година,