Фармацевтската комора на Македонија има надлежности утврдени со Законот за здравствената заштита на РСМ. Комората ги врши работите кои се однесуваат на:
- пробна работа и полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата;
- издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценци за работа на здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата;
- признавање на пробна работа и стручен испит што здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата ги поминале и положиле во странство;
- утврдување облици, критериуми и постапка за континуиран професионален развој;
- водење регистар на издадени, продолжени, обновени и одземени лиценци за работа;
- водење регистар на фармацевти – членови на Комората;
- вршење надзор над стручната работа на здравствените установи и здравствените работници – фармацевти кои работат во нив;
- заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата;
- заштитата на интересите на фармацевтската професија;
- други работи утврдени со закон.