ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 45 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“-СКОПЈЕ

Почитуван Декане, Почитувани колеги фармацевти,

Фармацевтската комора  на Македонија Ви го честита  јубилејот  45 години од основањето на  Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Пред 45 години, група ентузијасти- научни работници, експерти,  професори, успеаја да ја основаат оваа врвна високообразовна институција и да го трасираат патот по кој  таа и денес  се движи,  успевајќи да прерасне во еден образовен гигант со силен наставно-научен потенцијал.

Од основањето па до денес Фармацевтскиот факултет успеа да развие богата образовна, научно-истражувачка и апликативна дејност и да едуцира плејада високостручни професионалци -магистри по фармација, специјалисти,  доктори на  науки, кои својот професионален пат успешно го градат во нашата држава и во странство.

Сведоци сме дека ниту здравствениот  систем во државата,  без оглед дали станува збор за  сегментот на  аптеки или клиничко-болнички установи, ниту  фармацевтската индустрија,  ниту една надлежна административна институција, не може да се замисли без  високообразовен фармацевтски кадар,  од кој најголемиот број е  едуциран токму на Фармацевтскиот факултет при УКИМ.

Фармацевтската комора на Македонија , традиционално, одржува успешна  соработка со Фармацевтскиот факултет при УКИМ  , како во насока на  подигнувањето на  дигнитетот на еснафот , така и во поглед на унапредувањето на фармацевтската дејност , воведувањето  нови видови фармацевтски услуги и зацврстување на положбата на фармацевтите во здравствениот систем за што искрено Ви благодариме.

 Со почит,
Проф.д-р Бистра Ангеловска,
Претседател на Фармацевтската комора на Македонија

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување