Денес се одржа првата работна средба на коморите од областа на здравството со министерот Таравари. Претседателката на Фармацевтската комора ги презентираше активностите на Комората во изминатиот период и изрази подготвеност за продолжување на досегашната соработка која би се одвивала во насока на изнаоѓање на поволни решенија за актуелните проблеми во фармацијата се со цел зајакнување и подобрување на положбата и улогата на фармацевтите во здравствениот систем а во интерес на пациентите. На предлог на министерот Таравари, вакви средби редовно ќе се одржуваат во иднина а коморите активно ќе бидат вклучени во работните тела на Министерството за здравство кои ќе работат на реформите во здравството.