Известување за прашања за еРецепт

Почитувани,

Пред се’ благодарност за позитивните реакции и поддршката за еРецептот со новиот систем кој стартуваше од 1 мај 2020.

Во врска со прашањата и барањата упатени од ПЗУ аптеки до Фондот за здравствено осигурување за системот за еРецепт, во прилог е преглед со прашања и нивни одговори сублимирани по досега добиените информации.

Од спроведените проверки и консултации увидено е и дека голем дел од нив се однесуваат на софтверските апликативни решенија во самите ПЗУ аптеки за што Фондот не е надлежен. Таквите прашања и барања аптекарите треба да ги упатуваат до одржувачите на компјутерските програми со кои работат аптеките или пред да достават прашање/барање до Фондот да направат консултации со нивните програмски одржувачи. Дополнителни прашања и/или информации, аптеките можe да праќаат и понатаму на е-мејл адресата farmacija@fzo.org.mk.

Воедно, со цел за поефикасно работење во аптеките, а со тоа и поголемо задоволство на осигурениците на Фондот, предлагаме колегите фармацевти од ПЗУ аптеките да подготват соодветни предлози за подобрување на работните процеси во самите аптеки, со користење и на шематски приказ на процесите на работа во аптека.

Кристина Христова,
Директор на Секторот за фармација на ФЗОРСМ

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување