Се известуваат фармацевтите – членови на Фармацевтската комора на Македонија регистрирани во Регистарот на фармацевти што го води Комората дека на ден 17.5.2018 година од Регистарот на фармацевти ќе се предадат на Министерството за здравство – Управа за електронско здравство следните лични податоци:
1. Име и презиме,
2. Датум и место на раѓање,
3. Единствен матичен број на граѓанинот ( ЕМБГ ),
4. Адреса на живеалиште односно престојувалиште,
5. Државјанство,
6. Податоци за завршено образование,
7. Податоци за положен стручен испит,
8. Податоци за специјализација односно субспецијализација, и за дополнително здобиени знаења, и
9. Податоци за лиценца.
Горенаведените лични податоци се предаваат согласно одредбите за откривање на лични податоци на трето лице од Законот за заштита на личните податоци и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на Комората.
Личните податоци се предаваат на Министерството за здравство – Управата за електронско здравство заради исполнување на законска обврска на Комората ( член 116 од Законот за здравствена заштита), односно за востановување на Регистарот на здравствени работници што го води Министерството за здравство.