На 26.12.2022 година Собранието на Фармацевтската комора на РС Македонија одржа седница на која се донесени следните
Заклучоци:
– Зголемување на цената на услуга – издавање лек на рецепт: Во последните два месеца се одржаа повеќе работни средби со претставниците од ФЗОРСМ во врска ова барање, од страна на Комората беше предложено или да остане партиципацијата како приход на пзу – аптеките или да се плаќа цена на услуга по издаден лек на рецепт на товар на ФЗОРСМ. Работните средби ќе продолжат и во наредниот период, ќе се разгледуваат повеќе методи на исплата на цената на услугата за издавање лек на рецепт, се работи на изнаоѓање нов модел за плаќање за кој е потребно повеќе време за да се направат и соодветни финансиски анализи од кои ќе произлезат и одредени предлози.
– Да се започне постапка за изменување на правилникот за акредитација во насока на зголемување на бодовите за акредитирани облици на стручно усовршување,
– Да се започне постапка за изменување на правилникот за дополнителна обука и проверка на стручни знаења во насока на намалување на временскиот период за дополнителната обука при повторното стекнување со лиценца за работа,
– Изготвени се забелешки на новото упатство за е – рецептот кои ќе се достават до ФЗОРСМ.
Претседател на Собранието – дипл. фарм. Милан Кероски