ДО: СИТЕ АПТЕКИ, ВЕЛЕДРОГЕРИИ И ДРУГИ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ
Почитувани,
Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија Ве известува дека на ден 26.08.2016 год во 12,00 часот во амфитеатарот на Деканатот на медицински факултет, Скопје, во соработка со Министерството за здравство ќе организира форумска расправа на која ќе учествуваат претставници од Фармацевтската комора, претставници од аптеки и од веледрогерии.
Целта на настанот е да се разгледа можноста за измени на Законот за здравствена заштита во делот на Листатата на услуги во насока на воведување на нови услуги кои би ги давале во аптеките.
Се очекува преку компаративна анализа со други земји да се разгледа бенефитот од таквиот концепт и можноста за неговото системско спроведување.
ДИРЕКТОР:
Мр.фарм.спец. Марија Дарковска Серафимовска