ВИП покана за CPhI Istanbul 2017 Show and Bio Conference

Од 05-10 март 2017 година во Истанбул се организираат интегриран настан Био конференција и саем заедно со организирани средби за остварување на можна соработка на компании од нашата држава со компании од Р. Турција. Настаните се поддржани од Министерството за здравство, односно од Агенција за лекови и медицински средства на Р. Турција и Асоцијацијата на производителите во областа на фармацијата на Р. Турција.
Информација за саемот може да најдете на
http://www.cphi.com/istanbul/visit/show-preview
за Био Конференцијата на
http://www.cphi.com/istanbul/bio-conference-istanbul-2017

Во склоп на настанот Министерство за економија на Република Турција ги поканува заинтересираните компании од нашата земја кои работат со лекови и медицински средства да остварат средби со сродни компании од Р. Турција т.н. купувачка мисија. За сите заинтересирани компании кои имаат интерес да учествуваат, Министерство за економија на Република Турција за еден учесник од секоја компанија ќе обезбедат бесплатен престој кој ќе вклучи: трансфер од и до аеродром и сместување со појадок. За ова е потребно да се испрати следнава апликација до Министерство за економија на Република Турција:

Формуларот за апликација можете да ја преземете на следниот линк

Најдоцна до 24.02.2017 година.

За повеќе информации обратете се до:

Taner Demirci

Ambasada na Republika Turcija
Trgovsko Sovetnistvo
Adresa: Ul. Borka Taleski No:55 1000 Skopje-MAKEDONIJA
Tel : 00389 2 322 40 10
Faks : 00389 2 322 20 14
Mail : dtuskup1@mt.net.mk

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување