Информација за висината на цената на услугата – издавање лек на товар на ФЗОРСМ

По многубројните средби со директорите на Фондот за здравствено осигурување на РСМ, Управниот одбор на ФЗОРСМ на денешната седница донесе одлука цената на услугата за издавање на лекови на рецепт на товар на Фондот да се зголеми за 22%. Одлуката ќе важи од 1.7.2023 година.

Фармацевтската комора на РСМ ќе ги продолжи преговорите со ФЗОРСМ и понатаму, во насока на плаќање на цена на услуга по издаден рецепт.

Фармацевтска комора на РСМ

Претседател,

Дипл. фарм. спец. Весна Ставрова

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување