По повод Европската недела на имунизација од 23-29 април, 2018 година Фармацевтската комора на Македонија се вклучува во обележувањето и ги повикува своите членови да бидат дел од оваа манифестација.
Придобивките од вакцинирањето на глобално ниво се огромни. Како резултат на оваа превентивна мерка, се спасуваат повеќе од 2 до 3 милони животи годишно низ целиот свет. Бројката би била уште поголема доколку повеќе болести би биле покриени и превенирани со вакцини. Благодарение на вакцинцијата, огромни се и финансиските заштеди во здравството, подобрен е квалитетот на животот на поединците.
Токму во таа насока се и заложбите на Фармацевтската комора на Македонија фармацевтите, како здравствени професионалци „од соседството” и како најдостапни здравствени работници активно да учествуваат во имунизацијата на населението преку едукации, помагање на имунизацијата како и вршење на самата имунизација.
Во повеќе од 34 земји во во светот фармацевтите играат значајна улога во процесот на вакцинирањето, како поддржувачи, спроведувачи и едукатори. Во 27 земји, фармацевтите и активно се вклучени како администратори на вакцините, со тенденција нивниот број, од ден на ден, продуктивно да расте.
Централниот настан ќе се одржи на 21.04.2018 година во Градски парк-Бина Школка со почеток во 12 часот. На овој забавно едукативен настан ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, нивните родители и наставници, а поддршка и присуство потврдија неколку амбасадори на земји од ЕУ и САД, претставници на СЗО и УНИЦЕФ, Град Скопје, Министерство за Образование, Министерство за труд и социјална работа и Владата на Република Македонија.