Почитувани,
Во врска со работењето на ПЗУ аптеките кои имаат договор со ФЗОМ, согласно членот 2 од Договорот, за секоја ПЗУ аптека – работна единица потребно е навремено да се доставуваат информации и известувања до ФЗОМ со целокупната потребна документација за ажурирање на податоците за фармацевтскиот кадар.
Со цел за потврда или ажурирање на досега евидентираниот фармацевтски кадар на ПЗУ аптеките во Фондот, најдоцна до понеделник 12 март 2018 година e потребно:
– Да ни доставите информација за актуелниот број на фармацевти и број на фармацевтски техничари во секоја поединечна ПЗУ аптека – работна единица (по шифра на аптека), на е-мејлот Farmacija@fzo.org.mk.
– Доколку имате нововработен или замена за фармацевт/фарм.техничар и слично, сите потребни валидни документи и информации (важечка лиценца за работа издадена од Фармацевтската Комора на Македонија и друго), доставете ги до Секторот за правни работи на ФЗОМ (контакт тел. бр. 02/3289-022).
Со почит,
ФЗОМ