Анкета за вакцинирање против COVID-19

Почитувани,

Во врска со претстојната вакцинација против COVID-19 која треба да започне на почетокот од 2021 година, Ве информираме дека Министерството за здравство ја потврди намерата за учеството во COVAX механизмот преку кој ќе се обезбедат доволно дози на вакцини за да се имунизира 20% од населението, односно нашата земја ќе набави 800.000 дози на вакцини. Дополнително Минстерството ќе преговара директно со фармацевтските компании за набавка на дополнителни количини на вакцини. Во моментот се уште не е одобрена вакцина. Министерството за здравство ќе ја прифати онаа вкацина која ќе биде одобрена од Европската медицинска агенција (ЕМА) и потврдена од СЗО. 

Задача на вакцинацијата применета во тек на пандемија е да се намали нејзиното влијание врз здравјето на луѓето и да се минимизираат „пореметувањата” во нормалното функционирање на општеството, поради што е неопходно, како една од ризичните групи, да се заштитат здравствените работници на сите нивоа на здравствена заштита, кои се есенцијални за одговор на пандемијата и за грижа и третман на болните. 

Ефикасната распределба на вакцината ќе одигра клучна улога во намалување на штетните ефекти врз здравјето на популацијата и општеството. За таа цел потребно е секое лице вработено во здравствена установа најдоцна до 23.12.2020 година (среда) да одговори на on-line прашалник.

Министерство за здравство
Управа за електронско здравство

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување