Фармацевтската комора на Македонија ви го честита „25 – ти септември – Светскиот ден на фармацевтите“
Под мотото „Трансформирање на глобалното здравје“ денес се прославува Светскиот ден на фармацевтите.
Делувајќи на своите работни места во здравствените установи и обезбедувајќи здравствени услуги за превенција од заболувања, обезбедување на медицински производи, лекување на болести и подобрување на здравјето, потоа развој на нови и ефикасни терапии и воведување на нови наставни програми и форми на едукација и континуирана едукација, фармацевтите го трансформираат третирањето на глобалното здравје при што обезбедуваат секој да има корист од примената на безбедни, ефикасни, ефективни, квалитетни и достапни лекови и здравствени технологии како и корист од дадените фармацевтски услуги.
Нека ни е честит 25-ти септември – Денот на фармацевтите!
FIP (Интернационалната фармацевтска федерација) разви апликација со која може да снимите сопствена порака и да ја споделите со колегите од целиот свет за начинот на кој нашата професија влијае врз трансформирањето на здравјето.
Погледнете ги линковите: 👇
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.qabana.fipwpd