На 3.12.2015 година Претседателот на Фармацевтската комора на Македонија и Директорите на Фондот за здравствено осигурување одржаа состанок во врска со актуелните проблеми со кои се соочуваат фармацевтите од ПЗУ Аптеки.
Заклучоци:
- Во врска со примената на одредбата од Законот за лекови – фармацевт во секоја смена, примената на одредбата ќе се одложи и истата е влезена во Измените и дополнувањата на Законот за лекови кој треба да се објави во Службен Весник на РМ до средината на декември.
- Во врска со договорните казни ФЗОМ најави олеснување на казнената политика аналогно на договорите со лекарите и стоматолозите.
- Се формира заедничка работна група од претставници на двете институции која од понеделник – 7.12.2015 ќе работи на одредбите од анекс – договорот за 2016 година.
На состанокот се разговараше и за дежурствата и за цената на услугата за издавање на лек на рецепт. За решавање на овие прашања од Страна на ФЗО беше предложено да се одржуваат интензивни средби во наредниот период бидејќи е потребно да се направат подетални анализи.