АНКЕТА – ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

А Н К Е Т А

Со последните измени на Законот за здравствената заштита воведени се следните измени во однос на полагањето на стручниот испит на фармацевтите:

  • За полагање на стручниот испит ќе се користи стручна литература што е во употреба на врвните сто високообразовни установи во светот од областа на фармацевтските науки рангирани на последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џиао Тонг универзитет. За изготвување на базата на прашања ( 4.000 и најмалку 1.500 практични случаи) Министерот за здравство ќе формира Национална комисија составена од членови кои се доктори на наука од областа на фармацијата со издадени најмалку еден научен труд со импакт фактор до 1.1.2016 година.

 

  • Стручниот испит ќе се полага пред Испитна комисија составена од 5 членови кои се доктори на наука од областа на фармацијата со издадени најмалку еден научен труд со импакт фактор до 1.1.2016 година.

 

Доколку сте заинтересирани  да учествувате во Националната комисија за изготвувањето на базата на прашања согласно цитираната литература и во работата на Испитната комисија, Ве молиме да го пополните анкетниот лист и да го вратите на Комората најдоцна до 10.4.2016.

Анкетниот лист можете да го пронајдете ТУКА.

Остави коментар

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување